Во пожарите во Чиле загинаа 26 лица, повредени се околу 2.000 граѓани

Од:

Во шумските пожари кои беснеат во Чиле веќе една недела загинаа најмалку 26 лица, а повеќе од 2.000 се повредени. Уништени се повеќе од 1.500 домови, а илјадници граѓани останаа без покрив над главата.

Министерството за внатрешни работи на Чиле потврди за ABC News дека досега се уништени повеќе од 889.000 хектари шума. Повеќе од 6.000 пожарникари, главно доброволци, моментално се на терен и се обидуваат да контролираат повеќе од 323 активни пожари, вклучувајќи 90 кои се надвор од контрола.

Метеоролошките експерти велат дека сушата што го зафати Чиле е предизвикана од комбинација на климатски промени и климатскиот феномен Ла Ниња. Комбинацијата на овие услови им овозможи на посилните ветрови од океанот да навлезат подлабоко на територијата на Чиле. Чилеанската министерка за внатрешни работи Каролина Тоха рече дека ќе биде прогласен полициски час во регионите Биобио, Ла Арауканија и Нубл.

Соединетите Американски Држави испратија канадер од 36.000 литри DC-10 за да помогнат во справувањето со пожарите, додека чилеанските власти соопштија дека Аргентина, Бразил, Еквадор, Мексико и Шпанија веќе обезбедиле некаква форма на логистичка и материјална поддршка. Властите предупредија дека високите температури и силниот ветер може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски