Најмалку 13 луѓе загинаа во пожар кој зафати една трикатна зграда, каде живееле странски работници во Манама, главниот град на Бахреин, соопштија локалните власти.
Стотици илјади странски работници, главно од азискиот потконтинент, работат во Бахреин, една од шесте заливски арапски држави богати со нафта, кои во најголем дел имаат работна сила од странство.
Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот, а неколку луѓе се спасени од огнената стихија. Причината за пожарот се истражува. г