За време на роденденска прослава, во пожар во Појасот Газа загинаа 21 лице, од кои 17 членови на исто семејство, соопштија властите.
Според властите, пожарот избил во трикатна станбена зграда во бегалскиот камп Џабалија. Пожарот бил многу силен поради складираниот бензин, а истрагата е во тек.
Во Газа има недостиг на гориво, тоа се должи главно на парализирачката блокада од страна на Израел и Египет, бидејќи во областа владее екстремистичкиот Хамас.
Затоа, жители во становите чуваат резерви на плински боци, дизел и бензин, што е честа причина за пожари.
Извор: МИА