Во последните 24 часа во Украина убиени пет и ранети 29 украински војници

Од:

Петмина украински војници се убиени, а 29 се ранети во борбите со проруските сепаратисти во источна Украина во текот на последните 24 часа, соопшти во Киев армискиот портпарол.

Во источна Украина во последното деноноќие загинале и 14 цивили, јавуват француските медиуми, повикувајќи се на Киев и на сепарастите.

– Сепаратистите ја продолжуваат својата офанзива против исклучително важниот јазол Дебалцево, североисточно од регионалниот центар Доњецк, но владините сили го изддржуваат силниот притисок, рече украинскиот владин портпарол.

Според друг воен извор, во текот на изминатата ноќ бунтовниците два пати се обиделе да ги преземат украинските позиции крај Дебалцево, но биле одбиени.

ТАСС информира за седуммина загинати цивили и 44 ранети во последното деноноќие како резултат на артилериското гранатирање од страна на украинските сили врз населените места во самопрогласената „Доњецка Народна Република“. Во самиот град Доњецк има и најмногу  ранети, дури 33 лица, а таму се и сите загинати.

Би можело да ве интересира

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници