Триесет и едно лице загина во северното пакистанско село Урсула како резултат на поплавите предизвикани од монсунските дождови, соопштија властите, пренесува БТА.
Двајца кинески инженери загинаа и петмина пакистански работници се повредени при уривањето на ѕидот на браната Тарбела поради поројните дождови, соопшти портпарол на спасувачката служба во провинцијата Хибер Пактунква