Најмалку 28 лица загинаа во Пакистан откако поројните дождови предизвикаа поплави и уривање на куќите во југозападниот и северозападниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти.
Во провинцијата Балучистан во изминатите три дена 17 лица загинаа, додека бројот на жртвите во провинцијата Хајбер-Пахтунва се искачи на 11 лица.
Локалните власти соопштуваат дека меѓу загинатите има четири жени и шест деца, а во обете провинции има над 50 лица повредени.
– Најмалку 17 лица згаинаа откако се урнал покривот или ѕидовите или пак од удар на гром, изјави денеска шефот на Управата за вонредни ситуации Балучистан Захид Салем.