Во поплавите во Франција загинаа 19 луѓе

Од:

Бројот на жртвите во поплавите што го зафарија францускиот брег се искачи на 19, а волонтерите и пожарникарите почнаа со чистење на градовите од калта и шутот.

Меѓу жртвите има и државјани на Велика Британија, на Италија и на Португалија.

Водата се излеа низ улиците на Кан, Ница и Антиба.

Уште едно безживотно тело денеска е пронајдено во градот Маделиј, каде осум луѓе загинаа обидувајќи се да ги извадат своите возила од гаража.

Во Кан е пронајдено тело во подземна гаража, а едно лице се води како исчезнато, како и во Антиб.

Во Биот, околу 40 километри од Монте Карло, во старски дом се удавија три лица.

Околу 5.000 куќи утрово се без електрична енергија.

Околу 300 припадници и 543 пожарникари учествуваат во спасувачките операции и трагаат по исчпезнатите лица.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано