Најмалку 53 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиште во централните и јужни делови од Филипини, соопшти денеска службата за вонредни ситуации.
Поради ударот на бурата Јангми евакуирани се повеќе од 86.000 луѓе во три провинции.
Овој месец во налет на силен тајфун 18 луѓе загинаа на Филипините, а повеќе од милион мораа да ги напуштат домовите.
ОН соопштија дека тоа била една од најголемите евакуации во мирновременски услови. Поројни дождови ја погодија и Малезија каде беа евакуирани 250.000 луѓе.