Од како завчера 55-те опозиционери и формално се вратија во парламентот на Камбоџа, во главниот град Пном Пен стотица полицајци ноќеска ги тргнаа металните барикади и оградите од жица со кои беше опкружен „Паркот на слободата’’, простор што беше забранет за влегување во јануари.
На тоа место, по изборите во октомври минатата година, се случија крвавите пресметки меѓу припадиците на полицијата и на опозицијата, која одбиваше да ги признае изборните резултати.
Камбоџанскиот парламент, кој има 123 пратеници од вчера ја започна нормалната работа. Како отстапка во преговорите со опозиционите пратеници, владејачката партија се согласи за започнување разговори за примени во изборниот закон на Камбоџа.
Деновиве ќе биде отворена телевизиска станица чие финансирање и уредувачката политика ќе ги контролира опзициската Национална Партија за Спас.