Во Пекинг затворени 40 станици на метрото и 158 автобуски линии поради коронавирусот

Од:

Пекинг затвори 40 станици на метрото или десет отсто од градската подземна сообраќајна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај каде што милиони жители се во „локдаун“ повеќе од еден месец.

Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се релации што водат кон реонот Чаојанг, инаку жариштето на Ковид-19 во Пекинг. Со неколку десетици нови случаи дневно Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, на начин како што на почетокот се обидуваа и градските власти во Шангај.

Во главниот град од 22 милиони жители се затворени училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потрепштини за случај на целосно затворање.

Второто од трите планирани масовни тестирања се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг.

Во Шангај засега не се надѕира крајот на „локдаунот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок