Во Париз судири помеѓу демонстрантите и полицијата

Од:

Неколку десетици илјади демонстранти маршираа меѓу плоштадот на Република и плоштадот на Бастилја денеска во Париз, изразувајќи незадоволство поради текстот на законот за „општа безбедност“ и неговата главна одредба, со што ќе се ограничи можноста за снимање на силите на редот. Протестите исто така се и против полициското насилство и расизмот.

Според новинарите кои известуваат од Париз, насекаде атмосферата беше добра и мирна во текот на попладневните часови. На многу места како во Нанси силите на редот беа скоро невидливи.

Сепак, во Париз кон плоштадот Бастилја, новинарите, кои беа присутни и самите како учесници на демонстрациите, забележаа судири меѓу полицајци и антифашистичките милитанти. Полицијата употреби солзавец. Поединци облечени во црно, со антифашистичко знаме, ја пееја песната „Siamo tutti antifascisti“ (Сите сме антифашисти). Млади луѓе во црно формираа барикада пред полицијата. Фрлаа предмети, а полицијата реагираше со гранати со солзавец.

На крстосницата од Булевар Бомарше и улицата на Пастерот Вагнер, во 11-от арондисман во Париз, недалеку од плоштадот Бастилја, неколку демонстранти облечени во црно превртеа комбе, додека во близината гореа неколку парчиња мебел.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано