Во Париз 340.000 луѓе ја пречекаа Новата година

Од:

Новата 2013 година ја пречекаа околу 340.000 лица, 300.000 на Елисејските полиња и околу 40.000 пред Ајфеловата кула, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите од париската префектурата немаше некои поголеми инциденти за време на прославата на Новата година, со исклучок на грабежот на продавницата на Апле во квартот околу Операта во Париз.

За обебедувањето на редот во Париз се грижеа околу 9.000 полицајци, од вкупно 65.000 колку што беа ангажирани ширум Франција.

Министерот за внатрешни работи Мануел Валс вети дека кога ќе бидат познати бројките на изгорените автомобили, истите ќе бидат објавени. Имено за време на новогодишната ноќ, младите од француските предградија се забавуваа палејќи автомобили.

Прославата на новогодишната ноќ беше трагична за еден млад дваесетгодишен човек во близината на Стразбур, кој сакајќи да запали петарда истата му експлодира в лице, по што тој почина во болница, Во близината на Стразбур и во Стразбур, имаше околу дваесетина лица повредени со петарди, бројки кои се идентични со претходните години.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз