Во Панама почна историската средба на Организацијата на американски држави

Од:

Во главниот град на Панама беше отворена историската средба на високо ниво на Организацијата на американски држави со учество на Барак Обама и на Раул Кастро.

На дводневниот форум на кој за првпат учествува Куба, има над 30 државни раководители.

– Средбата има навистина посебна димензија – за првпат во историјата на една и иста маса се собираат 35 државни и владини претставници од регионот, наведе во поздравниот говор генералниот секретар на ОАД, Хосе Мигел Инсулса, кој ја оквалификува средбата како – историска.

Белата куќа нагласува дека во текот на денот е можна средба меѓу Обама и Кастро, прва меѓу лидерите на двете држави од 1965 година досега.

Обама и Кастро се ракуваа на отворањето на форумот.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска