Пакистанските власти во Карачи уапсија 97 борци на Ал Каеда и на групата Лашкар е џангви, вклучувајќи и тројца нивни команданти и спречија планиран напад врз затвор, кој имал за цел ослободување на убиецот на американскиот новинар Даниел Пeрл.
Генерал-потполковникот Асим Ваја денеска на прес-конференција изјави дека апсењата се извршени од армијата изминатите неколку недели.
Уапсените учествувале во голем број напади врз бази на пакистанското Воено воздухопловство, врз аеродром и објекти на полицијата.
Неколкумина од уапсените екстремисти го подготвувале бегството од централниот затвор на Хајдрабад на Халид Омар Шеик, кој во 2002 година го киднапира и уби новинарот на „Волстрит журнал“, Даниел Пeрл.