Пакистанската влада издала стотина налози за апсење на лицата кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца против детска парализа, пренесуваат странските медиуми.
Како што се наведува акцијата е последица на здравствената криза која ја „тресе“ оваа држава, а до сега се приведени 10 лица.
Риаз Кхан Махсуд, заменик на полицискиот началник во Пешавар за „Њујорк Тајмс“ вели дека се забележани 16.000 случаи во кои родителите одбиваат да ги вакцинираат своите деца и дека и полицијата е потполно одлучна во својата намера да ги убеди родителите дека вакцинирањето е добро за нивните деца.
Пакистанските ригорозни мерки против оние кои одбиваат да ги вакцинираат децата се последица на забрзаното ширење на детска парализа во државата.
Минатата година во Пакистан се забележани 306 случаи на оваа болест, што е значително повеќе во однос на последните неколку години.
Е. Г.