Во Пакистан од јуни убиени 910 талибанци

Од:

Пакистанската армија денеска соопшти дека во големата воена офанзива, што ја почна во јуни во оддалечениот планински регион Северен Вазиристан, непосредно до границата со Авганистан, досега убила 910 осомничени исламистички екстремисти и изгубила 82 свои војници.

Американските медиуми соопштуваат дека сите поголеми градови во Северен Вазиристан – Миран Шах, Мир Али, Дата Кел, Боја и Деган, се „исчистени“ од локалните и странските екстремисти кои раководиле со нападите во Пакистан и Авганистан.

Од почетокот на воената операција, на 15 јуни, пакистанските власти  спровеле 2.274 операции предводени од разузнавачките сили, а во тие операции се убиени 42, а уапсени се 114 екстремисти.

Заради воената операција раселени се околу 800.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица