Дванаесет училишта, од кои осум за девојчиња и четири за момчиња, биле нападнати со бомби и запалени во текот на изминатата ноќ во северниот дел на Пакистан, во област каде се активни милитанти поврзани со талибанците кои се противат на образование на девојчињата, соопшти денеска полицијата.
Нема информации за евентуални жртви..
Ниту една група засега не презеде одговорноста за нападите, но пакистанските талибанци и нивните сојузници,исламистички екстремисти, кои школувањето девојчиња го сметаат за анти-исламско, претходно извеле нападни на илјадници училишта за девојчиња во северозападните и северните делови на земјата.