Втора жртва во оружениот инцидент во „Мерцедес“ во Германија, напаѓачот е уапсен

Од:

Две лица загинаа во престрелка што се случи во фабриката на Мерцедес-Бенц во југозападна Германија. Локалната полиција најпрвин на Твитер објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено.

Полицијата соопшти дека не се работи за дивеење, за неконтролиран излив на гнев во кој едно лице ги напаѓа сите околу него, туку за индивидуална употреба на оружје.

Едно лице е уапсено во врска со престрелката, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Синделфинген, во провинцијата Баден-Виртемберг.

Подоцна беше објавено дека 53-годишен маж влегол во продукциската хала и отворил оган, пукајќи во двајца 44-годишни мажи. Едната од жртвите почина на местото на несреќата, а другата подоцна во болница. Никој друг не е повреден. Обезбедувањето го приведе осомничениот и го предаде на полицијата која без отпор го приведе, соопшти полицијата.

„Длабоко сме шокирани и тажни од утринава трагична вест од Зинделфинген. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите колеги на местото на настанот“, се вели во соопштението на Mercedes-Benz.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД