Во Обединетите Арапски Емирати уапсени седуммина членови на Ал Каеда

Од:

Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОЕА) денеска соопштија дека уапсиле седумчлена група на Ал Каеда која планирала напади во земјата на Персискиот Залив.

Седуммината уапсени се од арапска националност и биле дел од мрежата која врбувала лица во Обединетите Арапски Емирати, вршеле пропаганда на Ал Каеда, и обезбедувала финансиска и логистичка помош за терористичката организација.

Властите наведуваат дека групата се обидувала да се распространи и во други земји во реонот.

Тоа е прво апсење на членови на Ал Каеда во Обединетите Арапски Емирати. Во декември минатата година властите соопштија дека уапсила група составена од Саудици и граѓани на Емиратите кои планирале терористички напади во двете држави.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски