Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОЕА) денеска соопштија дека уапсиле седумчлена група на Ал Каеда која планирала напади во земјата на Персискиот Залив.
Седуммината уапсени се од арапска националност и биле дел од мрежата која врбувала лица во Обединетите Арапски Емирати, вршеле пропаганда на Ал Каеда, и обезбедувала финансиска и логистичка помош за терористичката организација.
Властите наведуваат дека групата се обидувала да се распространи и во други земји во реонот.
Тоа е прво апсење на членови на Ал Каеда во Обединетите Арапски Емирати. Во декември минатата година властите соопштија дека уапсила група составена од Саудици и граѓани на Емиратите кои планирале терористички напади во двете држави.