Во новогодишната ноќ ширум Франција запалени 1.193 автомобили

Од:

Во новогодишната ноќ ширум Франција биле запалени 1.193 празни, паркирани автомобили, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Мануел Валс, пренесоа агенциите.

Палењето автомобили на Нова година стана „традиција“ во оваа земја од почетокот на 90-тите години на минатиот век, што продолжи и на почетокот на овој век.

Американските медиуми наведуваат дека не постои начин бројот на запалени автомобили во новогодишната ноќ да се спореди со претходните славења, бидејќи конзервативната влада на поранешниот претседател Никола Саркози престана официјално да ги соопштува овие податоци во периодот додека беше на власт.

Светските агенции, меѓутоа, наведуваат дека оваа бројка е наводно горе долу изедначена, бидејќи на 31 декември 2009 година биле запалени 1.147 возила.

За одделни француски стручњаци не е паметна одлуката на сегашната француска социјалистичка влада повторно да почне да ги објавува податоците за бројот на запалени возила во текот на новогодишната ноќ.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз