Властите на Папуа Нова Гвинеја уапсија 29 жени и мажи поради учество во канибалистички култ во џунглата во внатрешноста на земјата.
Полицијата соопшти дека уапсените убиле седуммина шамани и им ги изеле мозоците, додека нивните пениси ги свариле, и исто така ги изеле. Членовите на култот верувале дека на тој начин ќе се стекнат со соодветни способности и оти ќе станат отпорни на куршуми.
Уапсените тврдат дека шаманите практикувале „сангума“ или магии со кои ги уценувале сиромашните селани за пари и за секс. Тие не сметале дека направиле нешто лошо со убиството на шаманите и го признале делото, што во Папуиа Нова Гвинеја се казнува со смрт.