Во Нов Зеланд тревога по земјотресот во океанот: Се очекуваат невообичаено силни струи

Од:

Новозеландската цивилна заштита издаде тревога по земјотресот со јачина 7.4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселен дел на Нов Зеланд.

Земјотресот се случил во 10 и 55 часот по локално време, на длабочина од околу 34 километри, 928 километри североисточно од градот Тауранг, на северот на Нов Зеланд.

„Се очекуваат необично силни и опасни струи, како и непредвидливи бранови. Тоа би можело да претставува закана за луѓето кои би се нашле на плажите, пристаништата, како и за пловење со мали бродови“, наведе Центарот за тревога на цунами во Пацификот.

Се оценува дека брановите би можеле да ги погодат некои од островите кои се наоѓаат во јужниот Пацифик.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите