Во Норвешка почнуваат големи воени маневри на НАТО

Од:

Од денеска до 1 април во Норвешка почнуваат воени вежби, со учество на 30.000 војници од НАТО и сојузниците.

Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји учествуваат во вежбата „Студен одговор 2022“, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.

Вежбата „Cold Response 2022“, планирана долго пред инвазијата на Москва на Украина, има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со присуството на сојузничките засилувања на нејзината територија во согласност со член 5 од Повелбата на НАТО, кој ги повикува земјите-членки да дојдат до помош на друга земја-членка која била нападната.

Како и во претходните години, на вежбата учествуваат и соседните Шведска и Финска, кои се воено неутрални, но се поблиски партнери на НАТО.

– Ова е одбранбена вежба, рече генералот Ингве Одло, одговорен за вежбата. – Ова не е воена операција со офанзивна цел, изјави тој за ТВ2.

Организирани на секои две години, поморски, воздушни и копнени вежби се одржуваат на широк простор од Норвешка, вклучувајќи го и Северниот поларен круг.

Русија ја одби поканата на Норвешка да испрати набљудувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО