Најмалку 34 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад што вчера го изврши едно малолетно девојче на преполн пазар во градот Мајдугури на североистокот на Нигерија, изјавија очевидци.
Нападот е извршен доцна попладне во близина на киното „Олд Елканеми“, рече припадник на милицијата на цивилната заштита Муса Данбаба.
Според него, изброени се 34 тела, а многу лица се повредени.
Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот, но тој носи ознаки на исламистичката група Боко Харам.