Воружени напаѓачи во југозападна Нигерија денеска отвориле оган кон две возила со кои патувале двајца германски државјани, при што е убиен едниот од нив, а другиот е киднапиран.
Инцидентот се случил во местото Сагамуа во нигериската сојузна држава Огун.
Едниот Германец бил ранет при нападот, но по неговото транспортирање во најблиската болницата била констатирана смрт од страна на медицински лица, додека другиот бил киднапиран, изјави порпаролот на локалната полиција Амбибола Ојејеми.
Двајцата Германци патувале во два посебни автомобили и немале никаво обезбедување со нив.