Нигериската армија денеска соопшти дека уапсила приближно 500 лица под сомнение дека се членови на исламистичката радикална група Боко харам.
Војската во неделата запрела конвој од 33 автобуси во јужната нигериска држава Абиа при што се приведени 486 осомничени членови на Боко харам.
Автобусите доаѓале од северниот дел на Нигерија. Со нив се превезувале пред се мажи на возраст од 16 до 24 години. Имало и осум жени.
Два од автобусите успеале да избегаат.
Од јануари групата Боко харан убила повеќе од 1.500 луѓе. Најголемиот број од нападите се сличиле во северниот дел од Нигерија. Боко Харам од минатиот месец држи во заложништво околу 200 ученички.