Нигериските војници уапсија најмалку 400 луѓе поврзани со екстремистичката група Боко харам на островите на езерото Чад, соопшти нигериската армија.
Уапсени 167 борци на Боко харам, 67 жени и 173 деца. Жените и децата по истрагата ќе бидат упатени во кампови за раселени лица.