Воен хеликоптер се урна и експлодира покрај студентски дом во североисточна Нигерија, подрачје на кое нигериската војска се бори со исламистичките екстремисти, соопшти денеска полицијата.
Портпаролот на полицијата во нигериската сојузна драва Адамава не изнесе детали, ниту наведе дали има преживеани, додека сведоци на несреќата изјавија оти нема преживеани.
Очевидецот Хабу Малам рече дека хеликоптерот паднал и експлодирал недалеку од домот на Технолошкиот Универзитет.
Нигерија пет години се бори со бунтот на исламистите на северот на земјата.