Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Од:

Милитантите од исламистичката група Боко Харам вчера упаднале во селото Пами, ја запалиле црквата, го киднапирале свештеникот и убиле најмалку седум луѓе, објави денеска Би-Би-Си.

Според полицијата, терористите убиле седум луѓе, запалиле десет домови и украле лекови од болницата, како и резервите на храна, што властите планирале да ја поделат на жителите за Божик.

Според очевидците милитантите убиле најмалку 11 лица.

Боко Харам со децении извршува напади во северниот дел на Нигерија. Според Обединети нации бунтовничката група досега убила најмалку 36.000 лица, а поради нејзините напади раселени се два милиона луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он