Повеќе од 21 лице загина во експлозија во центарот, во кој се прикажуваат натпреварите од Светското фудбалско првенство во Даматура, во северна Нигерија, соопштија денеска болнички извори.
Во експлозијата се ранети 27 лица, изјави претставник на специјалистичката болница „Сани Абача“ во Даматура.
Локалното население изјави дека бомбата веројатно била скриена во моторизирана рикша пред центарот, каде се собираат луѓето за да ги следат фудбалските натпревари на големи екрани.