Силите за безбедност на Нигер убиле 57 борци на исламистичката воена група Боко Харам, која нападнала село во југоисточниот регион Дифа, соопшти синоќа Министерството за одбрана на Нигер.
Петнаесет војници и двајца цивили се повредени при нападот врз селото Гескеру, што се наоѓа на 35 километри североисточно од Дифа.