Во невремето кое ја зафати индиската држава Утар Прадаш загинаа 26 лица, а 57 се повредени.
Весникот „Индија денес“ посочува дека многумина се повредени кога куќите, среде ноќ, им се урнале. Бурата, проследена со громотевици и обилни дождови, уништи 16 куќи во северниот дел на Утар Прадеш.
Властите наредија веднаш да се преземат мерки за да им се помогне на засегнатите.