Во Лас Вегас во американската држава Невада забележани се рекордни пет дена по ред со температура од 46,1 Целзиусови степени.
Во неделата во Лас Вегас се измерени 48,8 степени, што е рекордна температура досега забележана во тој град, објави Вашингтон Тајмс.
Во вторникот во тој град беа измерени 48,3 степени, со што беше срушен рекордот за 9 јули од 46,6 степени, забележан во 2021 година.
„Ова е најекстремниот топлотен бран забележан во Лас Вегас од 1937 година“, рече метеорологот Џон Адаир, кој три децении работи во канцеларијата на Националната метеоролошка служба во јужна Невада.