Харис во Невада ќе го промовира Планот за борба со климатските промени

Од:

Американската потпретседателка, Камала Харис, денеска патува за Лас Вегас, Невада, за промоција на стратегијата на администрацијата на Џо Бајден за запирање на климатските промени.

Харис ќе се обрати кај вештачкото езеро Мид, најголемата акумулација на вода во САД. Се очекува да слушне од локалните, сојузните и федералните власти поплаки за намалување на нивото на езерото поради сушата. Вештачкото езеро обезбедува вода за пиење за повеќе од 40 милиони луѓе од овој регион.

На средбите таа ќе го повтори својот повик за усвојување на инфраструктурниот план на администрацијата, што беше договорен од двопартиска група законодавци и Бајден. Планот предвидува 550 милијарди долари за обнова на инфраструктурата на САД и нови работни места.

Само за инфраструктурата во водоснабдувањето наменети се 55 милијарди долари и инвестицијата вклучува обнова на водната инфраструктура како канали, брани и вештачки акумулации за заштита заедниците од влијанието на климатските промени, вклучувајќи поплави, топлотни бранови и суши.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност