Најмалку 11 лица загинаа, а 29 се повредени кога автобус излета од планински пат во западниот дел на Непал, соопштија денеска локалните власти.
Полицијата верува дека несреќата се случила поради пукање на гума.
Несреќата се случила во близина на Сахаџапур, околу 400 километри западно од главниот град Катманду.