Вооружени напаѓачи убиле најмалку 20 лица во суданскиот регион Дарфур, јави ДПА.
-Вооружените лица, на коњи и камили, го нападнале селото Абудос, изјави градоначалникот на областа, Ахмед Нимер.
Дваесет и две други лица се повредени и украдени им се неколку крави, овци и други лични предмети.
Според Нимер, напаѓачите неодамна се населиле во регионот и сакаат локалните жители да ја напуштат областа за да можат сами да ја обработуваат земјата.
Нимер тврди дека владините сили, кои се стационирани во областа, неколку моменти пред нападот се повлекле од позициите и не интервенирале за да му помогнат на локалното население.
Конфликтот во западниот судански регион дарфур избувна во 2003 година, потсетува ДПА. Владините сили и сојузничката арпаска милиција брутално го напаѓаа локалното население и во нападите досега загинаа околу 30.000 лица.