Во неколку европски земји се одржа Roma Prajd (гордоста на Ромите)

Од:

Во повеќе европски градови денес е организиран Roma Prajd, на кој присуствуваа активисти за борба против расизмот, ромски музичари и други, за да се спротивстават на насилството и дискриминацијата врз Ромите и ја слават нивната култура.
Маршови се одржаа во Париз и Прага, на конференција во рамките на Roma Prajd беа организирани во многу градови од Бугарија до Данска.

„Бараме борба против расизмот и дискриминацијата во цела Европа – рече организаторот Бенџамин Абтан, додавајќи дека со овие манифестации сакаат и да ја слават разновидноста на ромската култура “, која е составен дел на европската култура”.
Roma Prajd е меѓународна иницијатива покрената од страна на европското народно антирасистичко движење со цел да се охрабрат Ромите во Европа да преземат акции, да покажат дека се горди на своето потекло и да го свртат вниманието на јавноста за проблемите на најголемото малцинство во Европа.

Франција неодамна исфрли стотици Роми од дивите населби

Во Франција, е актуелна политичката дебата за тоа како државата ги третира Ромите и што да се направи со нелегалните ромски населби, од кои полицијата неодамна исфрли повеќе стотици Роми.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ