Во наредните денови најверојатно нов ЕУ самит поради сојот омикрон

Од:

Се очекува наскоро лидерите на ЕУ да се состанат за вонреден лидерски самит на кој ќе се дискутира за европската стратегија откако се појави новиот сој на Ковид-19.

Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија денеска ги повика да не го прават тоа и да се придржуваат до правилата воведени со Дигиталниот ковид сертификат летово.

Португалија и Полска веќе најавија посебни ограничувања за сите патници без разлика дали се од или вон ЕУ.

Поради ова претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, би требало да свика вонреден самит преку видеоконференција во наредните денови за да се координира европскиот одговор пред ширењето на сојот омикрон откриен благодарени на научниците од Јужна Африка.

Овој сој е лесно пренослив, но не е јасно сè уште какви симптоми и последици предизвикува.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он