Мексиканската полиција минатата ноќ во еден напуштен камион во градот Тантими во сојзуната држава Веракуз пронајде 178 мигранти по потекло од државите од Централна Америка.
Според полицијата, мигрантите преку Мексико требало да бидат илегално префрлени во САД, но организаторите на транспортот го оставиле камионот и побегнале.
Поголемиот број од мигрантите се возрасни лица, но меѓу нив има и неколку деца.
Тие се префрлени во центар за мигранти каде им е укажана медицинска помош, по што ќе започне постапка за нивнио враќање во матичните држави.