Во напади на коалицијата загинаа 170 џихадисти во Сирија

Од:

Во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во североисточниот дел на Сирија, во последните 48 часа убиени се 170 џихадисти, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.

– Џихадистите се убиени во последните 48 часа во провинцијата Хасакех во интензивните воздушни напади на меѓународната коалиција која им помага на курдските сили во тој регион, се наведува во соопштението на Опсерваторијата.

Американскиот бригаден генерал Томас Вејдли наведе дека Исламска држава продолжува да губи борци, капацитети и територија, додека коалицијата продолжува да дејствува на територијата на Сирија и на Ирак.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија