Вооружени бунтовнички групи во суданската држава Северен Дарфур, нападнаа село и убија 13 луѓе
Меѓународните мировни сили го осудија, “пријавениот напад” и соопштија дека владините сили ги спречиле да влезат во оваа област.
Бунтовниците го нападнаа селото Сигили, на околу 30 километри од Ел Фашер, главниот град на оваа држава, наведува анонимен извор на АФП, според кој во нападот исчезнaле уште пет луѓе.
Во извештајот за медиумите, мисијата на Африканската унија и Обединетите нации во Дарфур (UNAMID), соопшти дека добила извештаи за “жртвите, киднапирањето на цивили и раселувањето на населението” во Сигили.
„Мисијата испрати екипа во областа за да собере информации за инцидентот. Суданската војска го спречи конвојот да стигне на нивната дестинација“, рече портпаролката на UNAMID Ајша Елбасри.
Елбасри додаде дека неколку илјади луѓе во погребна поворка се упатило кон Ел Фашер, и пред седиштето на мисијата во тој град донесе 10 тела жртви најверојатно убиени во нападот.
„По состанокот со толпата, која ги повика UNAMID да отпочнат истрага, членовите на мисијата ги отпратија до местото каде што жртвите беа закопани“, рече таа.