Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Од:

Шест лица загинаа кога беспилотни летала на Вооружените сили на Украина наводно удриле во автобус што превезувал работници на компанијата Агро-Белогорје во областа Борисовски во регионот Белгород.

Официјални лица велат дека се повредени 33 лица.

Телеграм каналot MASH наведува дека украински беспилотни летала погодиле автобус кој превезувал вработени во локална фарма за свињи.

Гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека во нападот биле вклучени четири дронови.

– Вооружените сили на Украина нападнаа два автобуси кои превезуваа вработени на работа и патнички автомобили користејќи беспилотни летала камикази. Инцидентот се случил во близина на селото Березовка – рече Гладков и додаде дека меѓу повредените има и две деца.

Телеграм каналoт SHOT наведува дека еден од повредените е во тешка состојба со продорна рана во абдоминалната празнина и во моментов е на операција.

– Останатите имаат повреди од шрапнели со различна тежина – наведува SHOT.

Би можело да ве интересира

Русија не сака мировни сили на НАТО во Украина

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски