Во Нагасаки одбележана 73-годишнината од атомското бомбардирање

Од:

Во јапонскиот град Нагасаки денеска беше одбележана 73-годишнина откако американските сили фрлија атомска бомба врз градот и притоа загинаа над 74.000 луѓе.

Американската авијација фрли атомска бомба врз Нагасаки три дена по првата бомба фрлена врз Хирошима. Во тоа време, 260.000 луѓе живееле во Нагасаки.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека постои страв од нуклеарна војна и по 73 години по бомбардирањето на Нагасаки и нагласи дека такво нешто никогаш не треба да се случи повторно.

Тој се обрати од Паркот на мирот во Нагасаки, изразувајќи загриженост во врска со намалувањето на напорите за денуклеаризација, додавајќи дека сегашните нуклеарни сили ги модернизираат своите арсенали.

– Овде, во Нагасаки апелирам на земјите да се посветат на нуклеарно разоружување и што побргу да покажат напредок за тоа прашање”, рече тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија