Во Минхен почнува едно од најголемите судење на неонацисти во Германија

Од:

Во Минхен денеска почнува едно од најголемите судење на неонацисти во Германија каде на обвинителна клупа се пет луѓе обвинети дека биле дел од неонацистичка кампања за заплашување имигранти.

Првообвинета е 38-годишната Беате Чепе. Таа е обвинета за соучешништво во убиство на осуммина Турци, еден Грк и една полицајка во периодот 2000-2007 година.

Нејзниот адвокат ги отфрла обвинувањата.

Чепе е обвинета за учество во најмалку два бомбашки напада и 15 грабежи на банки што ги извршиле нејзините соучесници Уве Мундлос и Уве Бенхард. Едниот е убиен и другиот изврши самоубиство во ноември 2010 година кога полицијата им влегла во трага.

Тие тројца ја формирале наонацистичката ќелија Националсоцијалистичко подземје. На обвинителна клупа заедно со неа се и четири мажи обвинети за помагање на терористичката група. Беате се брани со молчење и воопшто не проговорила откако и се предаде на полицијата на 8 ноември 2011 година.

Најавени се демонстрации пред судот на кои повика Организацијата за борба против расизмот и неонацистичкото движење. Околу 500 полицајци се распоредени пред зградата на Судот. Постојат и најави на активисти на есктремната десница да ја поддржат Беате Чепе.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија