Во Минхен почнува 51. меѓународна конференција за безбедност

Од:

Во Минхен денеска почнува 51. меѓународна конференција за безбедност, на која околу 400 водечки политичари, шефови на држави и влади, како и експерти од целиот свет три дена ќе разговараат за прашања од безбедноста во време на тероризам, пад на меѓународниот систем, безбедносна иднина на Европа, украинската криза, ситуацијата на Блискиот Исток и други теми.

Тридневната конференција треба да ја отвори германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лајен. На неа се очекува да учествува и американскиот потпретседател Џо Бајден, министрите за надворешни работи на САД и Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров и претседателот на Украина Петро Порошенко, јави Танјуг.

Најавено е присуство и на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други.

На конференцијата ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Германија Јоаким Гаук и повеќе германски министри.

Меѓународната конференција во главниот град на Баварија, и оваа година ќе биде проследена со силни безбедносни мерки, но и со демонстрации на противници на НАТО и глобализацијата. За безбедноста на конференцијата ќе се грижат 4.000 полицајци.

Конференцијата во 1962 година ја започнува Евалд-Хајнрих фон Калјст-Шменцин, со идеја првенствено да се занимава со одбранбени прашања.

Актуелен претседател на конференцијата е Волфганг Ишингер, поранешен претставник на Европската унија во преговорите за Косово и сегашен специјален претставник на ОБСЕ за решавање на украинската криза.

На конференцијата во Минхен се очекуваат и гости од Авганистан, Финска, Ирак, Литванија, Естонија, Кина, Јужна Кореја, но и претставници на невладини организации од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија