Во Минхен осуден троен германски шпион

Од:

Вработен во германската Федерална служба за разузнавање (БНД) е осуден за предавство од страна на судот во Минхен. Тој во период од три годинни успеал преку 200 тајни документи да ги предаде на ЦИА ,а истите  се обидел да ги предаде и на руските разунавачки служби.

Како што јави дописникот на МИА, осудениот Маркус Рајхел кој што делото го сторил затоа што неговите шефови не веруваале во неговите способности е осуден на осум години затвор.

Пред судот во Минхен Рајхел изјави дека за разлика од соработката со ЦИА тој се чувствувал непочитуван во БНД каде што работел 6,5 години до неговото апсење во 2014 година.

Откриен е кога пред две години испратил електронска пошта до рускиот конзулат во Минхен во кој ги нудел своите услугим а на која имало приложено три доверливи документи за да ја докаже својата кредибилност.

„Случајот Рајхел“ во тој период дополнително ги влоши германско-американските односи откако екс агентот на ЦИА Едвард Сноуден откри дека САД спроведуваат масовно прислушување во Германија ,каде се следел и телефонот на Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија