Во Минхен од денес задолжителни маски на јавни места, во центарот не смеат да се вадат ни за јадење или пушење

Од:

Во Минхен денеска стапи на сила мерката задолжително носење заштитни маски на јавни места каде што се собираат многу луѓе, како што се пешачки зони во центарот на градот.

Градски редари го контролираат почитувањето на обврската за носење маски, но досега нема казни, туку само издавање предупредувања. Казни од 250 евра се предвидени за непочитување на обврската за носење маски во пешачката зона на и околу централниот плоштад Мариенплац.

Редрите, како што е најавено, нема да толерираат исклучоци во случај на отстранување на маската поради пушење или консумирање храна или пијалоци.

Одлуката за продолжување на обврската за носење заштитни маски ја донесоа градските власти во Минхен на почетокот на неделава, откако бројот на нови пациенти ја надмина вредноста од 50 на 100.000 жители неколку дена по ред.

Новите правила содржат и ограничување на собирање повеќе од пет лица на едно место, наместо претходните десет. За пошироката област на центарот на градот, важи и забраната за алкохол по 23 часот, а продажбата на алкохол на киосците и продавниците е забранета веќе во 21 часот.

Новите правила ќе важат една недела.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски