Во Мексико запленет еден тон „црн кокаин“

Од:

Мексиканските власти соопштија дека на аеродромот во Мексико Сити се запленети еден тон т.н. „црн кокаин“, кој се вика така бидејќи шверцерите намерно мешаат кокаин со некоја друга супстанца за да ја намалат можноста за откривање.

Во полициското соопштение се наведува дека се пронајдени 40 вреќи „црн кокаин“, од која секоја е тешка по 25 килограми.

На вреќите пишувало дека во нив се наоѓа цинк оксид, но тестовите покажале дека станува збор за кокаин измешан со друга, неидентификувана супстанца. Пратката со дрога пристигнала од Колумбија.

„Црниот кокаин“, кога пристигнува на одредената дестинација, хемиски се тестира за да се одвои чистиот кокаин.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори