Во Мексико уапсени 11 лица кои врзале градоначалник за камион и го влечеле по улици

Од:

– Во Мексико се уапсени 11 лица откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.

Уапсените го извлекле градоначалникот од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле низ улиците затоа што, наводно, не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци.

Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција без да претрпи сериозни повреди. Тој најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД